Актуелно

Обид за атентат врз премиерот на Хаити, крвава прослава на Денот на независноста

Премиерот на Хаити, Ариел Анри го преживеа атентатот за време на прославата на Денот на независноста, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на ТВ каналот ВТВ.

Најмалку едно лице загина во пукање пред катедралата во градот Гонаив, а неколкумина беа повредени во саботата за време на прославата на Денот на независноста на Хаити.

Анри не е меѓу повредените.

Според извештаите на локалните медиуми, вооружена банда која дејствувала во областа каде што се наоѓа катедралата го предупредила премиерот да не доаѓа.

По обидот за атентат, властите ги откажале другите настани што требаше да го одбележат Денот на независноста од Франција, пишува Риа Новости.

Кризата на Хаити, која трае неколку години, кулминираше со атентатот на претседателот Јовнел Моиз на 7 јули 2021 година.

На почеток