Македонија

Наскоро одлука што со пријавите од Боки 13 против политичари и бизнисмени

На Бојан Јовановски (Боки 13) во неколку наврати му е овозможено на записник во Основното јавно обвинителство Скопје да ги изложи обвинувањата за повеќе лица, да поднесе кривични пријави, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА, во однос на писмото од Боки -13 во кое има серија обвинувања и напади за криење докази.

–По овие кривични пријави Обвинителството постапува и колку што сум информиран постапката е при крај и очекувам Обвинителството во блиско време да донесе одлука во врска со овие негови наводи, вели Јовески

Инаку Бојан Јовановски поднесе околу 30 кривични пријави за кои адвокатот Дуковски, кажа дека делата се поткрепени со писмени докази во голем обем и со вербални докази во кои се посочени лица коишто биле непосредно присутни на тие дејствија.

На почеток