Скопје

(ФОТО) Скопје на чекор да стане најзагаден град во светот

Скопјани вечерва дишат отров. Мерните станици покажуваат енормно високи бројки на загаденост. Нивото на ПМ2,5 честичките е 25 пати над дозволеното.

На веб страната iqair, на листата на најзагадени градови веднаш под Дака се наоѓа Скопје.

Во Лисиче нивото на ПМ10 честичките изнесува 427 мг/м3, нешто пониска, но сепак многу над дозволеното е коцентрацијата на ПМ10 честичките во Центар и Карпош, односно 256 мг/м3 и 219мг/м3.

Но освен во Скопје, енормно загаден воздух има и во Кавадарци и Тетово.

На почеток