Актуелно

Лоциран телефонот на Матеј Периш

Сигналот на мобилниот телефон на Матеј Периш (27) од Сплит, кој исчезна пред 12 дена во Белград, последен пат бил фатен во близина на островот „Голема војна“, на вливот на Сава и Дунав.

Се претпоставува дека телефонот бил во џебот на Матеј кога влегол во реката Сава, а последниот сигнал бил фатен на околу километар и половина низводно, каде најверојатно е неговото тело.

Сепак, потрагата по телото е тешка бидејќи водата на тоа место не е толку длабока, но речните струи се многу силни.

– Врз основа на снимките од надзорните камери во околината на Бетон хол, но и со следење на неговиот телефон, со голема прецизност може да се одреди патот на неговото движење од моментот кога истрчал од клубот „Готик“, околу 1.40 часот по полноќ – рекол изворот и додал.

– Базните станици го регистрирале сигналот на неговиот телефон на тоа место, а потоа сигналот бил лоциран низводно во близина на Големиот воен остров, каде што се изгубил. Се претпоставува дека Матеј цело време додека го носела реката го имал телефонот во џебот и дека некаде во близина на островот, на вливот на Сава и Дунав, неговото тело останало во водата.

На почеток