Игнорирање на толку важен проблем како аерозагадувањето и непревземањето никакви акции за негово решавање цели 11 е одлика на несериозност и неодговорност кон граѓаните и животната средина и граѓаните од страна на ВМРО ДПМНЕ. Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и денеска покажува иста неодговорност и нема ниту план ниту предлог ниту визија, велат од СДСМ.
„Наспроти овој несеириозен однос, владата предводена од СДСМ, градот Скопје, општините и надлежните институции преземаат континуирани мерки за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот.
Активностите за обновување на уништените зелени површини продолжуваат секојдневно на ниво на сите општини. Како дел од тие акции, Град Скопје и Општина Гази Баба го реконструираа и хортикултурно го уредија Финскиот парк во населба Ченто, на површина од 13 илјади квадрати“, велат од партијата.
Исто така оттаму додаваат дека акции со засадување на дрвја се спроведени на повеќе локации во општините Аеродром, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај и Бит пазар како дел од планот на град Скопје за засадување на 130 илјади квадратни зелена површина, што воедно претставува рекорд за една календарска година.
„Зголемувањето на буџетот на град Скопје за заштита на животната средина за 32 проценти, поставувањето на 527 прочистувачи за воздух во 23 средни училишта, зазеленувањето , набавката на 40 нови еколошки автобуси и субвенции за електрични возила и плински уреди на автомобилите се само дел од мерките кои се спроведуваат со цел решавање на проблемот со загадувањето и чист воздух.
Владата предводена од СДСМ заедно со сите надлежни институции продолжува со заложбите за поздрава животна средина и почист воздух за сите граѓани“, се наведува во соопштението.