Македонија

Познато што кажале Германците за пожарот во тетовската болница

Во извештајот на германските експерти се наведува дека причина за ширењето на пожарот во тетовската модуларна болница можеби е продолжениот кабел на кој бил приклучен медицински апарат за лекување на пациенти, дознава Алсат од нивни извори во тетовското обвинителство каде пристигна преводот на извештајот на германските експерти

Извештајот, како што наведува Алсат, а според обвинителството, е доставен на анализа на пет обвинители вклучени во истрагата за случајот, кој, откако ќе го анализираат, ќе утврдат дали од овој извештај ќе произлезе правно мислење за отворање нови истраги, или ќе продолжи со истите истраги што домашните обвинители ги водеа досега. Состанокот на обвинителите се очекува да се одржи во рок од една недела, по што ќе бидат донесени заклучоците.

На почеток