Македонија

ВМРО ДПМНЕ со оглас ќе бира кандидат за претседател на Македонија

Секој граѓанин на Република Македонија што сака да биде претседателски кандидат на ВМРО ДПМНЕ ќе може да аплицира на оглас што партијата ќе објави најдоцна до 11 јануари. Вака е решено на денешниот состанок на Извршниот комитет (ИК), пишува НоваТВ

Огласот ќе биде отворен десетина дена по што ќе следува констатирање на листата и образложување на пријавените низ двонеделни активности. Изборната конвенција во партијата е предвидена за 16 февруари кога ќе биде позната личноста со која ВМРО ДПМНЕ ќе влезе во претседателската трка.

По денешниот состанок на ИК, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски изрази голема самодоверба и очекување за сериозна победа на изборите за претседател на Македонија како најава и победнички вовед за наредните парламентарни избори.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток