Ќе имавме 70 смртни случаи ако омикронот беше како делта сојот, тврди Пановски
Според проценките на микробиологот проф. д-р Никола Пановски, колку повеќе новозаразени има, толку поголем ќе биде и бројот на хоспитализации, а со тоа и бројот на починати лица.
– Не се знае точната причина зошто со денови на дневно ниво имаме околу 20 смртни случаи, кои настанале како последица од ковид-19. Треба да се направат детални анализи, поединечно за секој смртен случај, како на пример, кои болести ги имале лицата, кои вакцини ги примиле, како и дали биле целосно вакцинирани. Омикронот да беше смртоносен како делта-сојот, на овој број на заразени ќе имавме и до 70 смртни случаи на ден. Омикронот ја намалува смртноста процентуално, но сепак имаме бројка на смртни случаи на дневни ниво која не е мала, вели Пановски за Нова Македонија.
Професорот посочува и дека првично треба да се утврди колкумина од починатите биле заразени со делта, а колку со омикрон.