Македонија

Притвор за крадецот кој упадна во поштата во Пилеп со безбол палка

По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице од Прилеп, на возраст од 35 години, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка за сторено кривично дело Разбојништо.

Осомничениот на ден 13.12.2018 година, во претпладневните часови со намера противправно да присвои туѓи подвижни предмети, со употреба на сила и опасно орудие-безбол палка одзел парични средства во износ од 35.460 денари од пошта  сопственост на оштетеното АД за поштенски сообраќај „Македонска Пошта” во државна сопственост – подружница Прилеп.

Осомничениот маскиран со качунка на главата влегол во поштата држејќи во рацете дрвена безбол палка му се заканил на вработениот-оштетениот дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот и тело, па подавајќи му хартиена кеса му рекол да му ги предаде парите што биле во касата. Потоа осомниченото лице со безбол палката го скршил шалтерското стакло кое се распрскало на парчиња и едно од стаклените парчиња удрило во лицето и десното око на оштетениот, со умисла нанесувајќи му тешка телесна повреда, со што го сторил кривично дело Разбојништво.

Надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп, по кој предлог судијата на претходна постапка донесе решение со кое на осомничениот му определи мерка притвор во траење до 30 дена.​

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток