Актуелно

(ВИДЕО) „Селото на духови“ поради сушата повторно се појави

Шпанското село Ацередо, потопено во 1992 година за да се изгради акумулацијата Алто Линдосо, повторно се појави поради сушата што речиси ја испразни браната на шпанско-португалската граница.

Невообичаени сцени од селото на „духовите“ привлекоа туристи, кои дојдоа да ги сликаат урнатините.

“Тоа е како да гледам филм. Тажен сум”, рекол 65-годишниот пензионер Максимино Перез Ромеро.

Шетајќи по калливата земја испукана од сушата на некои места, посетителите пронајдоа делумно срушени покриви, тули и дрвени остатоци, па дури и фонтана со вода што сè уште истекува од ‘рѓосана цевка.

До некогашното кафуле беа наредени гајби со празни пивски шишиња, а покрај камениот ѕид рѓосан полууништен стар автомобил. Снимките од дрон прикажуваат напуштени згради.

Марија дел Кармен Јањеш, градоначалничка на Советот на округот Лобиос, чиј дел е Ацередо, за ова го обвини недостатокот на дожд во последните месеци, особено во јануари, но исто така и „прилично агресивната експлоатација“ од страна на португалската EDP, која управува со резервоарот.

На почеток