(ВИДЕО) 15-годишно момче ги уби родителите и помалиот брат, па три дена ги криел телата во семејниот дом


15-годишно момче во вторникот ги уби родителите и помалиот брат во нивната куќа во близина на шпанскиот град Аликанте, наводно по расправија за лошите оценки, соопштено е денеска.
15-годишникот прво ја застрелал мајка си со ловечката пушка на татко му, по што го убил својот помал брат, соопшти полицијата.
Таткото во тој момент не бил дома, а откако се вратил два часа подоцна, тинејџерот го убил и него.
Трагедијата се случила во нивната семејна куќа во вторникот. Семејството живеело во близина на градот Аликанте. Според полицијата, тинејџерот ги сокрил телата во блиската барака.
По настанот, тој бил во куќата три дена, до петокот, кога кај семејството дошле две тетки на момчето. Според регионалниот весник Диарио Леванте, момчето потоа го признало делото.
Тамошните медиуми пишуваат дека момчето се скарало со родителите бидејќи му забраниле пристап на интернет поради лоши оценки.
Полицијата се уште не ги потврди овие наводи, велејќи дека истрагата е во тек. Од полицијата само потврдија дека тинејџерот моментално е во притвор и дека го признал делото.
