Во текот на изминатиoт ден (24.12.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои пет со телесни повреди и седум со материјална штета.
При сообраќајните незгоди пет лица се здобиле со лесни телесни повреди. 12 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 13 возачи бидејќи осум го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници и тројца управувале под дејство на алкохол. Осум возила се исклучени од сообраќај бидејќи пет биле нерегистрирани и три технички неисправни.
Санкционирани се и тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четворица неправилно се престроиле, седум не поседувале пропишана зимска опрема, седум не користеле сигурносен појас и 21 користеле мобилен телефон додека го управувале возилото. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 104 мандатни платни налози, додека исто така 74 возила се подигнати со “Пајак”.