Екипите на ЈП „Улици и патишта“ продолжуваат со активностите за менување на оштетената урбана опрема од градските сообраќајници. Изминатите денови се отстрануваше оштетена урбана опрема од булеварите Илинден, Гоце Делчев, како и на улиците 11 Октомври и Кочо Рацин.
„На терен се отстрануваат оштетените заштитни столпчиња, жардиниери, бекатон плочки од патеките, сообраќајни знаци и рабници од тротоарите. На истите локации ќе биде поставена нова урбана опрема или дел од оштетената опрема што ќе биде санирана.
Оваа активнот на ЈП „Улици и патишта“ ќе продолжи и во наредниот период на повеќе градски сообраќајници“, велат од ЈП „Улици и патишта“.