Македонија

Тетовец градел на Шапка без дозвола

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.(47) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности’’ и „бесправно градење“.

На 17.11.2021, полициски службеници при СВР Тетово и овластени градежни инспектори при општина Тетово извршиле увид на локалитет „Попова Шапка“, при што било констатирано дека пријавениот поставил бетонска подлога со димензии 10 х 9 метри, со бетонски столбови и бетонски ѕид на земјиште во државна сопственост.

На почеток