Македонија

Прашуваме како е возможно ненамерно да се исече премиер од фотографија за кого се вели дека сме пријателски држави, велат од опозицијата

„Прашуваме како е возможно ненамерно да се исече премиер од фотографија за кого се вели дека сме пријателски држави“, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакција на изјавата на Димитар Ковачевски.

Тие додаваат:

„Верува ли некој дека е ненамерен пропуст како што вели Ковачевски?

Дали пријателството на Ковачевски е само за по дома, а кога ќе излезе надвор од државата никој не го есапи?

Свесен ли е Ковачевски дека заради неговиот пристап на виткана кичма не го понижуваат само него, туку и целата држава.

Дали пораката до Ковачевски е дека е до толку неважен, што не треба да го има ниту на фотографија? Дали Ковачевски побара извинување или ќе молчи и ќе се понижува и себе и државата?

Одамна знаеме дека во СДСМ немаат образ, но тоа не значи дека треба да ја срамат и државата“.

На почеток