Актуелно

Османи: Одлуката на Кремљ e акт на агресија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи преку социјалните мрежи остро ја осуди руската воена агресија врз Украина.

„Одлуката на Кремљ со воените дејствија на руските воени сили не се ништо помалку од акт на агресија и почеток на војна против Украина, акти кои најмногу ги осудуваме. Во овие тешки времиња ние сме со Украина“, напиша министерот Османи.

На почеток