Украинците денеска очекуваат жесток тенковски напад врз Киев
Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Херашченко изјави дека Украина очекува жесток тенковски напад врз Киев во текот на денот. Тој рече дека ова може да стане најтешкиот ден од војната.
Според него, одбраната на Киев е подготвена, а сојузниците им обезбедиле големо количество противтенковско оружје.
Тој верува дека руските сили денес би можеле да се приближат до Киев. Тој додаде дека украинските сили ги бранат позициите на четири боишта од супериорен непријател.
Херашченко вели и дека Украинците успеале да го одбијат рускиот напад кај Чернихив. Истото го соопшти и украинското Министерство за одбрана, кое претходно соопшти дека украинските сили урнале мост на реката Тетерив во Иванкив, на околу 50 километри северно од Киев. Напредокот на Русија на тој начин е запрен, соопшти Министерството.