Свет

(ВИДЕО) Тенкот кој прегази автомобил не е руски

Руската армија денеска со тенкови го опколи Киев, а на социјалните мрежи набрзо се појави вознемирувачко видео од оклопно возило кое прегази патнички автомобил. Од OCCRP вечерва ја демантираат веста, велејќи дека не се работи за руско оклопно возило, туку за украинско кое изгубило контрола.

Видеото на социјалната мрежа Твитер го сподели и OCCRP, што дополнително придонесе за авторитетот на видеото и заднината.

– Ги избришав моите ретвитови на кои се гледа како воено возило гази цивилен автомобил во Киев. Се чини дека тоа било украинско воено возило кое изгубило контрола. Се уште нема извештаи за руски возила во Киев. Уште едно добро потсетување да не се шири непроверена содржина – напиша на Твитер уредникот на OCCRP, Илија Лозовски.

Да потсетиме, денеска на социјалните мрежи се појави видео кое набрзо се најде во фокусот на јавноста.

Постар човек кој управувал со автомобилот го преживеал инцидентот, а неговите сограѓани успеале да го извлечат од уништениот автомобил.

На почеток