Свет

ВИДЕО: Тензии во Бања Лука по протестите „Правда за Давид“

Тензиите се зголемија во босанскиот град Бања Лука, откако полицијата уапси човек чии барања за одговор за смртта на неговиот син поттикнаа неколку месечни антивладини протести. За денеска се најавени нови протести.

Демонстрациите во Бања Лука продолжија во текот на измината ноќ, додека полицијата опремена за немири беше распоредена со цел да ги спречи и задржи демонстрантите.

Неколку стотици луѓе се собраа во паркот во близина на централниот плоштад во градот, но потоа беа принудени да заминат од таму по што се собраа пред црквата „Христос спасител“.

Притоа дојде до блиски средби меѓу демонстрантите и полицијата која соопшти дека еден нејзин припадник бил повреден.

Тензиите пораснаа во градот откако полицијата во вторникот уапси маж чија потрага по вистината за смртта на неговиот син предизвика неколку месечни протести против властите.

Полицијата соопшти дека го уапсила Давор Драгичевиќ бидејќи тој не се појавил на сослушување.

Повеќе на слободнаевропа.мк

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток