Путин нареди руските сили за одбрана од нуклеарен напад да бидат на готовност
Владимир Путин им нареди на руските сили за нуклеарно одвраќање да бидат на готовност поради тензиите со Западот, поради неговата војна со Украина.
Говорејќи на состанокот со неговите највисоки претставници, Путин потврди дека водечките сили на НАТО дале како што вели „агресивни изјави“, заедно со Западот кој наметнува тешки финансиски санкции против Русија, вклучително и на него како претседател.
„Можете да видите дека западните земји не само што преземаат непријателски дејствија кон нашата земја во економската сфера… туку и највисоките функционери на земјите од НАТО даваат агресивни изјави против нашата земја“, рече тој.
Путин им нареди на рускиот министер за одбрана и на началникот на Генералштабот на војската да ги стават силите за нуклеарно одвраќање во „специјален режим на борбена должност“.
„Им наредувам на министерот за одбрана и на началникот на Генералштабот на руските вооружени сили да ги стават силите за одвраќање на руската армија во посебен режим на борбена служба“, рече Путин во телевизиско обраќање.