Има резултат од разговорот меѓу Зеленски и Лукашенко, договорена средба со руската делегација
Од
Објавено на
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека постигнал договор со белорускиот Александар Лукашенко.
„Се договоривме украинската делегација да се сретне со руската делегација без предуслови на украинско-белоруската граница, во близина на реката Припјат.
Александар Лукашенко ја презеде одговорноста да се погрижи сите авиони, хеликоптери и проектили стационирани на белоруска територија да останат на теренот за време на патувањето, разговорите и враќањето на украинската делегација“, напиша Зеленски.