Свет

Во Украина пристигнаа првите хрватски доброволци

Во Украина веќе пристигнуваат првите доброволци од Хрватска за да учествуваат во одбраната на таа земја.

„Се наоѓаме на украинската граница со Унгарија. Одиме на фронтот за да им се придружиме на украинскиот народ и нашите Хрвати. Знаеме дека оваа војна тешко ќе се запре само во Украина“, рече еден од нив.

Да потсетиме, како што пренесуваат медиумите во Хрватска, првите хрватски доброволци заминале на бојното поле во Украина да се борат на страната на украинската војска.

„Поголема група доброволци треба да ѝ се придружи на украинската армија за неколку дена. Тие имаат воено искуство од порано и се полни со морал и желба да и помогнат на украинската армија“, беше објавено вчера.

На почеток