Свет

Белорусија се подготвува да и објави војна на Украина? Се огласи помошникот на белорускиот министер за одбрана

Андриј Загородњук, поранешен украински министер за одбрана, вели дека Белорусија се подготвува да и објави војна на Украина, пишува Гардијан.

“Многу е веројатно дека Република Белорусија ќе се приклучи на руската војна против Украина. Има информации за воздушни трупи од Република Белорусија кои се качуваат на авиони за влез во Украина”, рече тој.

Таа информација се појави малку порано од онаа за преговорите во Белорусија, на која Украина се согласи. Тој додаде дека ова е ужасен развој на настаните.

„Ова е ужасен развој на настаните бидејќи вклучува земја која до неодамна беше голем пријател на Украина, чиј народ ги сметаше Украинците за братски народ“, рече тој.

Тој истакнува дека Украина и Белорусија никогаш не се бореле една против друга во нивната долга историја.

„Сметаме дека единствената причина за таа одлука беше личната позиција на претседателот на Белорусија, кој зависи од Путин во неговата политика“, додаде Загородњук.

„Вооружените сили на Белорусија не учествуваат во специјална операција во Донбас. Информациите што се шират на Интернет за учество на вооружените сили на Република Белорусија во операцијата спроведена во Донбас не соодветствуваат со реалноста“, изјави Леонид Касински, помошник министер за одбрана за идеолошка работа на вооружените сили на Републиката.

Според Касински, белоруските воени единици се на места на постојано распоредување, а дел од силите се повлечени со цел да се зајакне јужната граница на државата.

На почеток