Актуелно

Украина собра 8 милиони долари донации во криптовалути

Украинската влада собра речиси 8 милиони долари во криптовалути откако повика на донации на биткоини и други дигитални токени на социјалните мрежи, објави аналитичката компанија Elliptic.

На официјалниот Твитер профил во саботата, украинската влада повика на донации во криптовалути и објави адреси за дигитални паричници, е-паричници, односно услуга која овозможува плаќање преку мобилна апликација.

Украинскиот вицепремиер Михаило Федоров ја објави адресата на паричникот на Твитер.

„Бидете со народот на Украина. Сега прифаќаме донации во криптовалути“, напиша Федоров, исто така министер за дигитална трансформација.

Украинските власти објавија дека прифаќаат донации во криптовалутите bitcoin, ethereum и USDT.

До недела напладне пристигнаа 11.500 донации во вредност од 7,9 милиони долари.

Елиптик истакнува дека ова крипто „групно финансирање“ е без преседан.

На почеток