За Димитриеска Кочоска мерките не се мерки: Ова се правело и досега
Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска во гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат коментирајќи ги мерките за заштита на животниот стандард и ликвидност на компаниите кои денеска беа презентирани од Владата, истакна дека истите се регуларни работи кои и до сега се правеле и дека не ја гледа потребата истите да бидат презентирани како мерки.
„Ги слушнавме денес мерките кои што премиерот ги презентираше и притоа може да забележиме дека дел од работите ние веќе пред две недели па и повеќе од две недели ние ги дискутиравме, а тоа е пред се за намалување на ДДВ-то и за акцизите. Дел од мерките кои што ги слушнавме дури вака изненадувачки е. Станува збор за регуларни работи кои и до сега се правеле. Зборуваат за енергетска ефикасност и за некои гарантни шеми, нешто што и до сега постоеше и не знам зошто имаше потреба да се коментираат како мерки“, потенцираше Димитриеска Кочоска.
Таа исто така додаде дека од она што беше презентирано некои работи кои ги предлагаше опозицијата се прифатени, но има и работи што треба да ги до разработат.
„Конкретно за ДДВ-то на прехрамбените производи или основна човечка храна како што стои во Законот за ДДВ ние веќе го имаме дадено предлог-законот во Собрание, дури денес нашите пратеници имаа прес-конференција со повикување за што побрзо да се гласа таа измена односно тој предлог закон. Така да еве Владата има веќе спремен еден предлог закон и ги повикуваме заеднички да го изгласаме тој предлог –закон во однос на намалување на ДДВ-то за прехрамбените производи од 5% на нула“, исткакна Димитриеска Кочоска.
Таа исто така упати критики до Владата за тоа зошто ако уште на 5 ноември се знаело дека ќе дојде до воен конфликт како што изјави претседателот на државата, не се преземало за стоковите резерви.