Буџетот за кратко време веќе креира огромен дефицит и пред да почне кризата во Украина, вели Димовски


Буџетот во неговиот приходен дел е проектиран на погрешни (напумпани) податоци за БДП, вели поранешниот пратеник во Собранието, Илија Димовски.
„Буџетот за кратко време веќе креира огромен дефицит и пред да почне кризата во Украина…
Државата троши многу повеќе од тоа што може да собере од веќе ослабената економија…
Мерките кои ги промовираше Владата или ќе немаат никаков ефект или ќе имаат значење не подолго од еден месец…
Граѓаните нема да видат ќар…
Државата (како што кажа Пендаровски) уште пред 4 месеци знаела за заканата од голема војна во Европа…
Не превземала ништо…
Без драстично, ама сериозно драстично, кратење на расходите на централната Влада, Република Македонија оваа криза ќе ја помине со драматични последици…
Нови големи задолжувања и еврообврзници ќе ја однесат државата во децениска стагнација и должничко ропство кое ќе значи дека ќе ја изгубиме сувереноста во раководењето на економијата…
Лудите идеи за зголемување на даноците Ве молам да ги заборавите…
Оваа Влада нема знаење и капацитет да се справи со вакво економско невреме…
Луѓето кои ја водат нашата економија не зрачат со доверба дека знаат да се снајдат“, вели Димовски.
