Актуелно

Нов сој на коронавирус во Европа

Делтакрон и официјално стана нова варијанта на Ковид-19 со потврдени случаи во Франција и САД.

Станува збор за комбинирани мутации на коронавирусот од соевите омикрон и делта, а една лабораторија на Кипар на почетокот на годинава веќе го истражуваше овој вид.

Сега виролозите од Институтот „Пастер“ во Париз го секвенционираа геномот на сојот делтакрон.

Случаите се потврдени во неколку региони на Франција, каде што сојот циркулира, најверојатно, од почетокот на јануари, додава „Скај њуз“.

На брифинг на 9 март Светската здравствена организација соопшти дека сојот бил откриен и во Холандија и Данска. Потврдени се и два случаја во САД.

Научниците нагласуваат дека денес луѓето имаат значителен имунитет на двата соја и дека нема причина да се мисли оти тоа ќе претставува дополнителна закана за вакцините.

На почеток