„Плати повеќе данок за да може Груби да земе плата 170 000, а не да се мачи со 70 000“, јавноста иритирана од министерот


Мојата плата како вицепремиер е 70.000 денари, истакна во анализата на 24 Вести, заменикот на премиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
„Јас како функционер земам најмала плата. Претходно сум имал повисока плата. Платата на министрите и на пратениците не е покачена со години. Тоа што ние како влада направивме е покачување на минималната плата на 18.000 денари. Сега ние ли треба да ги намалиме нашите плати“, рече Груби.
Ова наиде на остри реакции од јавноста. Голем дел пишуваат и иронични коментари. Со оглед дека во Македонија, повеќето од населението живее со минимални приходи или со по една минимална плата – изјавата на Груби им се виде иритантна.
Дел од коментарите, ви пренесуваме во целост:
„Скенирајте појако, може ќе стигнете до 70.000, колку еден минималец на Груби“, пишуваат по изјавата.
Скенирајте појако, може ќе стигнете до 70.000, колку еден минималец на Груби.
— Martin Koloski (@koloski_) March 17, 2022
„До кое ниво се доведовме во државава ? Неинтелектуалени сурати не водат ! 🙁 А лапаат ли лапаат кеш. Мамицата..“, стои во друг коментар.
До кое ниво се доведовме во државава ?
Неинтелектуалени сурати не водат ! 🙁
А лапаат ли лапаат кеш.
Мамицата….Груби: Мојата плата е 70.000 денари, сега земам најниска плата – https://t.co/9netPsqMlG
— Neli (@TiRekov) March 17, 2022
„Вака се сака државата! Кога може Груби можеш и ти!“, пишува Шлинензауер.
„Ако А1 и Телеком не отворат линии за да му помогнеме на Артан Груби слободно нека си се угасат. #ДонорајЗаАртан“, коментира Чича Глиша.
Ако А1 и Телеком не отворат линии за да му помогнеме на Артан Груби слободно нека си се угасат.#ДонорајЗаАртан
— Чича Глиша (@CicaGlish_a) March 17, 2022
„Случајно, вртејќи по телевизоров, слушнав два-три збора од Груби на ТВ 24…. Ќе земам апче за глава и нешто за желудников..“, пишува корисник на „Твитер“.
Случајно, вртејќи по телевизоров, слушнав два-три збора од Груби на ТВ 24….
Ќе земам апче за глава и нешто за желудников…— Buba Mara (@BubaMar36409771) March 17, 2022
„Плати повеќе данок за да може Груби да земе плата 170 000, а не да се мачи со 70 000“, стои во објава.
Плати повеќе данок за да може Груби да земе плата 170 000, а не да се мачи со 70 000.
— Самосвесен.xrp ₿⚡ 🇺🇦 (@Samosvesen) March 17, 2022
„Груби земал 70.000 денари плата… Само не кажа дали таа сума е на ден или на час…“, пишува корисникот „Неурон“.
Груби земал 70.000 денари плата…
Само не кажа дали таа сума е на ден или на час…— Неурон (@poliedar) March 17, 2022
