Свет

Пукање во Арканзас, најмалку едно лице загина

Најмалку едно лице загина, а 20 лица се повредени, меѓу кои и деца, во пукање во југоисточниот дел на Арканзас во саботата вечерта.

Кит Финч, началникот на полицијата во градот Думас, изјави дека бројот на жртви е зголемен, но дека се уште не е познато колку деца се повредени, пренесува агенцијата АП.

„Едно лице е во притвор, иако можеби имало неколку убијци“, изјави Финч на новинарите.

Полицијата била испратена во Думас околу 19 часот и 25 минути, по дојава за пукање пред локална компанија, каде се одржувал саем на автомобили, изјави портпаролот на државната полиција на Арканзас, Бил Садлер.

Саемот за автомобили е годишен настан на оваа заедница што се одржува секоја пролет со цел да се соберат средства за стипендии и училишен прибор, соопшти Младинската организација за зајакнување на населбата „Делта“, која ја организираше оваа манифестација.

На почеток