Украинците упаднаа во домовите на луѓето: „Ги проверуваат сите куќи“
Советот за безбедност на Украина и полицијата во Харков вршат масовни проверки во станбените згради во потрага по оние кои се поврзани со Русија.
„Се проверуваат сите куќи, дојдоа да ги проверат документите. Една револтирана жена беше удрена со автомаска пушка во лицето, соседот застана во нејзина одбрана и истото му се случи“, вели жител на Харков.
Според неа, се бараат „сепаратисти“ и оние кои и помагаат на Русија.
Жител на Харков изјави дека знаел за најмалку три такви инспекции во станбени згради, вклучувајќи ја и онаа во која живее.
„Тие одат низ целиот Харков, влегуваат во сите станови, станбени згради, бараат. Јасно е кого бараат. Одат 10-15 луѓе, проверуваат кој живее, кој отишол, и проверка на документите за станот“, рекол изворот.