Свет

(ВИДЕО) Бил Клинтон и Џорџ Буш ја посетија украинската црква во Чикаго: „Америка е солидарна со народот на Украина“

Поранешните американски претседатели Бил Клинтон и Џорџ Буш ја посетија Украинската црква во Чикаго за да му изразат поддршка на украинскиот народ.

Тие положија цвеќе во црквата Свети Владимир и Олха, симболично завиткани во сини и жолти ленти, кои се боите на украинското знаме, јавува Би-би-си.

„Америка е солидарна со народот на Украина додека се бори за својата слобода и иднина“, напиша Буш на Твитер.

На почеток