Македонија

Постои тивка коалиција и сериозна спрега помеѓу криминалот и раководството на МВР, вели Мицкоски

Обвинувањата кон МВР се темелат на катастрофата која ја имаме. Постои тивка коалиција на криминалот со раководството на МВР, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на што се темелат обвинувањата од страна на опозицијата кон МВР на Спасовски дека не работи соодветно.

„Уште во 2017-та или 2018-та година на спектакуларен начин се откри дека во обвинителството и во основен суд 1 Скопје биле прислушкувани судии, обвинители каде биле откриени тајни централи за снимање на разговори“, посочи Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека дебаклот на Спасовски започна уште од тогаш каде излезе и рече дека сето тоа е на сигурно и дека сторителите многу скоро ќе бидат изведени пред лицето на правдата, но од таа работа ни трага ни глас нема за жал, па сѐ до овие последни пасоши кои се раздаваа на белосветски и балкански наркобосови итн.

Тој додаде дека кулминацијата на сето ова кулминираше и со тендерот за набавка на сметачки машини од компанија која е на црната листа на САД.

„Имаме една сериозна спрега помеѓу криминалот и за жал раководството на министерството за внатрешни работи. Покрај криминалот и корупцијата, парите и провизиите немаат боја a тогаш и колнењето престанува“, заклучи Мицкоски.

На почеток