Свет

ЕУ подготвува петти пакет санкции против Русија

Европската унија работи на петтиот пакет санкции против Русија поради ситуацијата околу Украина, соопштија денеска дипломатски извори.

„Работиме на петтата рунда санкции и даден е предлог со многу имиња“, изјавил извор за Ројтерс.

Дипломатите посочуваат дека балтичките земји, вклучително и Литванија, вршат притисок врз Русија да воведе ембарго, додека Германија предупреди да не реагира набрзина поради и онака високите цени на енергијата во Европа.

Министрите за надворешни работи и за одбрана на европскиот блок ќе разговараат за ситуацијата во Украина подоцна во текот на денот, откако високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел ја претстави својата оценка за ситуацијата во Украина.

На почеток