САД префрли значтелен број ракетни системи во Саудиска Арабија
Соединетите Држави префрлија значителен број ракетни системи Патриот во Саудиска Арабија во последните недели.
Преместувањето доаѓа во време кога администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се обидува да ги намали тензиите во сè покомплицираните односи меѓу Вашингтон и Ријад, пишува Ројтерс, повикувајќи се на извори од американската администрација.
Висок американски функционер во неделата за Ројтерс, под услов да остане анонимен, потврди дека одбранбените системи „Патриот“ се испратени во Саудиска Арабија, бидејќи ова е одлука што не е официјално објавена.
Тој додаде дека одлуката е во согласност со ветувањето на претседателот Бајден дека „Америка ќе го заштити грбот на своите пријатели во регионот“.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан ги осуди акциите на силите Хути во Јемен во неделата, откако тие извршија еден од нивните најинтензивни напади со беспилотни летала и ракети врз виталните енергетски објекти во Саудиска Арабија, што предизвика пожар на една локација и привремено го запре производството на нафта.
АП во септември објави дека Соединетите Држави ги преселиле сопствените одбранбени системи Патриот од воздухопловната база Принц Султан надвор од Ријад, иако Саудиска Арабија се соочи со воздушни напади од јеменските бунтовници и инсистираше на тоа дека ракетите се клучни за нејзината одбрана од нападите на Хуту.
Односите меѓу САД и Саудиска Арабија се затегнати откако Бајден ја презеде функцијата и одби да има директна комуникација со престолонаследникот Мохамед бин Салман, а го отстрани Хут од листата на терористички групи, наведува Ројтерс.