Свет

Кина испраќа хуманитарна помош во Украина

Кинеското Министерство за надворешни работи објави дека кинескиот Црвен крст ќе испрати дополнителна хуманитарна помош во Украина во вредност од 10 милиони јуани.

Нова кинеска помош за Украина беше ветена откако американскиот претседател Џо Бајден ја предупреди Кина за „последиците“ во случај Кина да и помогне на Русија во војната во Украина.

Тоа би можело да го принуди кинескиот претседател Си Џинпинг да избере помеѓу профитабилните трговски односи со Западот и растечкото стратешко партнерство со Москва, според Скај њуз.

Во петокот Џо Бајден и Кси Џинпинг разговараа цели два часа, а Белата куќа потврди дека санкциите против Кина се „опција“.

На почеток