Свет

Повеќе од 2 милиони бегалци од Украина влегле во Полска

Според последните податоци, повеќе од 10 милиони луѓе ги напуштиле своите домови во Украина. Некои од нив побегнале од земјата, а дел заминале во други делови на Украина.

Според последните податоци на локалната гранична полиција, 2.114.000 Украинци, главно жени и деца, влегле во соседна Полска од почетокот на војната. Сепак, бројот на Украинците кои бегаат во Полска се намалува, соопшти граничната полиција.

Вчера во Полска влегле 33.800 луѓе, што е за 16% помалку од претходниот ден.

Денеска до 7 часот наутро влегле 5.700 Украинци, што е за 17% помалку отколку во истиот период од претходниот ден.

Професорот Масиеј Душчик од Универзитетот во Варшава проценува дека околу 1,2 милиони Украинци остануваат во Полска, додека другите отишле подалеку.

На почеток