Свет

(ВИДЕО) Торнадо го опустоши Њу Орлеанс

Најмалку едно лице загина кога големо торнадо го погоди Њу Орлеанс, најголемиот град во сојузната држава Луизијана, јавуваат американските медиуми.

Уништени се неколку куќи, а уништени се и неколку далноводи при торнадото, јавува Блиц.

„Имаме пет или шест куќи целосно уништени. Имаше луѓе во куќите.“, рекол локалниот функционер на округот Сент Бернард, Гај Мекинис, пренесува Ројтерс.

Нема официјални податоци за бројот на повредени.

Голем дел од Луизијана сè уште се опоравува од ураганот Ајда, кој ја погоди американската сојузна држава минатиот август како ураган од четврта категорија, уништувајќи ги руралните заедници јужно од Њу Орлеанс и убивајќи повеќе од 100 луѓе на југот и на Карибите.

На почеток