Магазин

(ФОТО) Брус Вилис славеше роденден со бившата и сегашната жена

Деми Мур и Брус Вилис децении по разводот остана во хармонична врска. Деми Мур сподели фотографија на Инстаграм од прославата на роденденот на нејзиниот поранешен сопруг, Брус Вилис. Во саботата, на 19 март, актерот го прослави својот 67 роденден. На фотографијата Мур држи голем послужавник со печурки, а покрај неа е познатиот актер неподготвен за сликање. „Среќен роденден, Брус! Благодариме на нашето мешано семејство“.

Неговата сегашна сопруга Ема Хеминг Вилис се придружи на честитки оставајќи две срца во коментарите на оваа објава.

43-годишната манекенка и сопруга на брус, Ема сподели трогателна објава на Инстаграм за роденденот на нејзиниот сопруг, споделувајќи видео со семејни фотографии направени од 2009 година, од кога се во брак.

„Вие двајцата го правите толку добро тоа што го правите. Толку кул семејство сте и се чини дека постои таков фантастичен баланс. Браво за двајцата!“, пипуваат на социјалните мрежи.

Деми Мур претходно изјави дека во периодот на карантин на некој начин била благодарна што целото семејство е заедно и што работите барем малку се смириле. За нејзините ќерки, кои ги доби во бракот со Брус Вилис, исто така значеше овој период на зближување со многу помладите сестри, кој актерот го доби во вториот брак.

Мур и Вилис постојано ги демонстрираа своите пријателски односи низ годините. Поддршката од семејството сега му е особено важна бидејќи, како што наведуваат многу извори, актерот се бори со деменција.

Режисерот Мет Ескандари, кој работеше со актерот на снимањето на филмови како „План за спас“ и „Преживеј до зората“, ја откри неговата состојба.

„Точно е. Режирав четири филма со него, па знам од прва рака. Тажно е да се види легенда како Брус како се распаѓа пред твоите очи. Видов како е да се работи со него во последните неколку години “, напиша режисерот.

На почеток