Музичко-поетскиот перформанс „Диши љубов“ во Филхармонијата


Музичко-поетскиот и визуелен перформанс „Диши љубов“ ќе ја има својата премиера на 25 март (петок) во 20 часот во Концертната сала на Филхармонијата.
Станува збор за сосема нов и уникатен проект со музика од композиторот и диригент Џијан Емин и текстови од музикологот Тина Иванова, во кој музиката создадена низ песни раскажува љубовна приказна полна со емоции – спој на носталгијата и надежта за подобро утре.
Музиката ќе ја изведе бендот „оВо“ составен од: Џијан Емин – гитара и вокал; Драган Гиновски-Гино – гитара; Ади Имери – гитара и вокал; Дарко Мучев-Мучо – бас-гитара и Гоце Стевковски – тапани, заедно со „Магичниот гудачки ансамбл“ во кој членуваат музички уметници од Филхармонијата и од хорот „Магични гласови“.
Сцената ќе биде збогатена со визуелни ефекти специјално создадени за овој настан од уметникот Емил Петров.
