Денови на македонскиот мед во Скопје

Од
Објавено на

Манифестацијата „Денови на македонскиот мед 2022“ се отвора денеска и ќе трае до 27 Март.
Свеченото отворање е закажано за денеска во 10.00 часот во Скопје на ул. “ Македонија“ (пред спомен-куќата на Мајка Тереза). Манифестацијата ќе ја отвори градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.
Како што велат организаторите на настанот, подготвена е богата програма, а ќе може да се разгледаат поставените штандови со мед и пчелни производи.
