Македонија

СДСМ поддржува една изборна единица со консензус, ВМРО-ДПМНЕ блокираше, тврди Калеска -Ванчева

Снежана Калеска -Ванчева, пратеничка на СДСМ на прашање: „ВМРО-ДПМНЕ ве обвинува дека се криете зад ДУИ во однос на измените на Изборниот законик и дека всушност никогаш нема да се изгласа една изборна единица така како што јавно се залагате, но во суштина му овозможувате на ДУИ да ги блокира ваквите измени преку долги јавни дискусии или никогаш да не дојдат на дневен ред, можност за блокади дури и зад апсолутен консензус каде велат дека не е возможен и нема потреба бидејќи и претходно промени на изборен законик се носеле и без консензус од сите партии?“, одговори:

„Веќе имаме научено дека ВМРО-ДПМНЕ е таа која што се задскриваше и нивното лицемерие не се покажува само сега туку и со многу други законски решенија, во однос на ова предложено законско решение за 1 ИЕ ж, јас само ќе кажам дека ова е наша програмска определба уште од 2016 година во нашата програма и истото е преточено и во програмата од 2020 година и веќе ние имавме еден обид за отворање на дискусија за една изборна единица, но тогаш ВМРО-ДПМНЕ го блокираше и добро е што сега се премислија и што имаме консензус како најголеми политички партии заедно со помалите политички партии да ова прашање се отвори како што личи а тоа е во Собранието. Времето ќе покаже дали е некој лицемерен и ако е да видиме кој е тој што е лицемерен“, кажа таа.

На почеток