Македонија

Охриѓанец кршел во казино, а потоа физички го нападнал работникот на обезбедувањето

Утрово во 02,45 часот во казино на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир од страна на Љ.Т.(25) од охридското село Лескоец, кој со рака скршил еден електронски апарат, по што физички го нападнал Г.Д.(41), работник на обезбедување на казиното, кој се обидел да го спречи во понатамошното оштетување на апаратите.

Сторителот на нарушувањето е приведен и против него СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток