Некатегоризирани

Кремљ: Коментарите на Бајден за Путин се алармантни

Се чини дека Русија не ги прифатила позитивно коментарите на американскиот претседател Џо Бајден за време на викендот, пишува Sky News.

Имено, Бајден изјави дека Владимир Путин не може да остане на власт, но тоа го демантираше Белата куќа, а подоцна Бајден одговори „не“, на новинарско прашање дали бара промена на режимот во Русија.

Кремљ соопшти дека коментарот на Бајден е алармантен.

Додаваат и дека нема напредок околу идејата Зеленски и Путин да разговараат.

На почеток