„Ние не бомбардираме како САД и НАТО што ја бомбардираа Југославија“, вели Русија
Русија не ги бомбардира украинските градови како што направија САД и НАТО во Југославија, Ирак и Авганистан. САД и НАТО уништија станбени области и население, изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.
Како што нагласи, поради тие конфликти загинале стотици илјади луѓе, а милиони се раселени.
„Сега кога американскиот надворешен долг надмина 30 милијарди долари, Америка почна да го турка човештвото во глобална катастрофа“, посочи Патрушев.
Рускиот функционер додаде дека формирањето на нови центри на моќ и светскиот развој предизвикало незадоволство во САД, кои на секој можен начин се обидуваат да ја зачуваат својата хегемонија над светските прашања.
„Како што знаеме од историјата, за да постигнат одредена цел, Американците секогаш започнувале војни во други региони на планетата“, додаде рускиот функционер.
Кога станува збор за ситуацијата во Украина, Патрушев смета дека тоа е последица на политиката на Соединетите Американски Држави и нивниот притисок врз независните држави.
„Ситуацијата во Украина стана само една од трагичните последици на непромислената и крвава политика на САД и Обединетите нации“, рече Патрушев.