Скопје

Арачиновец фатен со пиштол, кој го имал без дозвола

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А.(40) од с.Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 02.12.2021 на бул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје кај пријавениот пронашле и одзеле пиштол ,,Застава“ калибар 7,62 x25 милиметри и една рамка со 16 куршуми, за кои не поседувал дозвола.

На почеток