Новогодишни пораки од Рускиот претседател Владимир Путин, до неговите колеги ширум светот. Во пораката до Доналд Трамп, Путин навел дека Москва е подготвена за дијалог за широк спектар на теми.
Во параката пак до Башар ал Асад, сирискиот претседател, Путин ветил дека ќе продолжи да пружа помош на сириската влада и народот во борбата против тероризмот, пренесува Ројтерс.
Пораки со слични содржини, поголема соработка и желба за поубава година, Путин испратил и до до другите светски лидери.