Актуелно

(ВИДЕО) Руски инфлуенсерки ги уништуваат торбите од Шанел

Неколку популарни руски инфлуенсерки се снимени како уништуваат скапи чанти, а тоа го направиле затоа што веруваат дека Шанел промовира русофобија.

„Ако Шанел не ги почитува своите клиенти, зошто ние мора да го почитуваме Шанел?“ Тоа го кажа Русинката Викторија Боња во видеото на Инстаграм пред да земе индустриски ножици и да ја преполови црната чанта на Шанел. „Збогум“, рече таа пред нејзините 9,3 милиони следбеници на платформата додека ја фрла торбата.

Боња е само една од неколкуте руски инфлуенсерки кои се снимени како ги сечат нивните чанти Шанел во знак на протест поради забраната за купување роба од францускиот луксузен бренд.

Откако ги затвори своите продавници во Русија, Шанел престана да ги продава своите производи на луѓето кои имаат намера да ги однесат во Русија, што руските купувачи го сфатија како русофобија. ТВ водителката и актерка Марина Ермошкина, која има 299.000 следбеници на Инстаграм, исекла темно сива чанта со градинарски ножици и се снимала себеси.

„Ниту торба, ниту една работа не вреди колку мојата љубов за мојата татковина. Не вреди моето самопочитување. Јас сум против русофобијата, јас сум против бренд кој ја поддржува русофобијата. Шанел е само додаток кој во одреден момент реши да ги понижи луѓето, моите сонародници, тој одлучи да ги дискриминира луѓето врз основа на националност, што јас нема да го толерирам“, рече таа.

„Главните принципи се. Не е важно што е во ваши раце, туку што е во вас“, додаде таа.

Во изјавата испратена до Insider во вторникот, портпаролот на Шанел рече дека брендот е во согласност со „сите закони“ што се применуваат за нејзиниот бизнис и за вработените, вклучувајќи ги и трговските санкции.

„Затоа инициравме процес за да бараме клиентите за кои не го знаеме главното живеалиште да потврдат дека предметите што ги купуваат нема да се користат во Русија“, рече тој.

„Свесни сме дека ова предизвика разочарување кај некои од нашите клиенти. Во моментов работиме на подобрување на овој пристап и се извинуваме за сите недоразбирања што можеби сме ги предизвикале, бидејќи ги поздравуваме сите наши клиенти, без разлика од каде доаѓаат. Ова е приоритет за Шанел“, заклучил тој.

На почеток