Украдени бакарни шини од главната трафостаница
Од
Објавено на
На 15.04.2022 во 10,00 часот во Полициска станица Гевгелија М.Ј.(57) од Гевгелија, вработен во ЕВН-КЕЦ-Гевгелија пријавил дека во 07,00 часот од непознат сторител насилно бил отворен прозорец од главната трафостаница во Богданци која се наоѓа на заобиколниот пат кај раскрсница кон с.Стојаково и се одземени бакарни шини.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.