Актуелно

Полицајци на Блаце оштетувале камери за да не се гледа како земаат рушвет

Под истражни мерки на внатрешна контрола се 30 полициски службеници од граничниот премин „Блаце“ поради сомнение дека намерно ги оштетиле камерите што ги носат на себе. Алсат од извори во полицијата дознава дека мотивот за кршење на камерите бил да не се снимат докази од ситуации кога полицајци ја злоупотребуваат службената положба. МВР повело повеќе истражни постапки за докажување на одговорноста за намерно уништување на камерите, но засега нема кривични пријави.

„Внатрешната контрола работи на овој случај. Утврдено е дека е скршена една камера и 12 кабли за напојување на камерите. На 30 лица им е изречена дисциплинска мерка, а во тек е постапка за материјалната штета. Се преземаат и други мерки за санкционирање“, изјави Министерство за внатрешни работи.

Истрагата за уништување на камерите доаѓа паралелно со истрагата за скандалот со земањето поткуп на овој граничен премин каде пред два дена беа пријавени двајца полицајци, дело што беше објавено преку видео-снимка објавена од емисијата „ Стоп“ во Албанија.

На почеток