Како граѓаните да се чувствуваат безбедни и заштитени, кога на полицијата и крадат од двор, вели опозицијата
Кога криминалците се чувствуваат со Спасовски како едно, ограбуваат магацин за оружје без да има одговорност за некого, вели ВМРО-ДПМНЕ.
Спасовски не е способен да ја чува муницијата и бомбите на МВР, оружје му е украдено од полициски магацин, а тој два дена молчи. Или е целосно неспособен или грабежот е направен со негов амин.
50 тина бомби, рачни гранати, муниција и друго оружје е украдено од магацинот на полицијата во Охрид, што е полициски објект, кој треба да биде најбезбедното место во Охрид.
И 2 дена по грабежот Спасовски молчи. Ова само говори дека или не знае што да каже зошто е неспособен или ги крие извршителите.
Која е гаранцијата која ја имаат граѓаните дека Спасовски може да ја сочува безбедноста, кога тој не може да го сочува ниту полициското оружје?
Како граѓаните да се чувствуваат безбедни и заштитени, кога на полицијата и крадат од двор, и никој ништо не знае.
Дополнителен проблем е фактот и прашањето, на кого му требаат толку бомби, рачни гранати, муниција и оружје? Каде ќе биде употребено оружјето кое е украдено од охридската полиција, и за какви се кривични дела?
Кражбата во полициската станица во Охрид е тежок шамар за МВР, Спасовски и Ковачевски. Кражбата на оружје од станица покажува колку се неспособни Спасовски и Ковачевски.
Спасовски мора да понесе одговорност. Оставка веднаш.